Од Март до Септември
2008 година, Во рамките на Правната програма, нашата организација спроведуваше Медиумска
кампања за Јакнење на капацитетите во судството за Право на Пристап до Правда.
Кампањата се реализираше преку емитување на радио спот на Лајф радио како и преку
објавување на информативни огласи и дистрибуција на флаери и постери.
Промовирање на Обновливи извори на Енергија и Енергетска ефикасност
На 09.11.2009 година Преседтаелот на НВО Флорозон Кирил Ристовски и Амбасадорот на Норвешка Амбасада г-динот Kjetlin Pulsen, потпишаа договор за подршка и соработка во рамките на Програма за Климатски Промени.
Главана цел на проектот е промовирање на обновливи извори на енергија , редукција на емисијата на стакленички гасови и можсноста за еконоски одржлив развој на локално ниво .
Специфични цели на проектот се:
1.подигнување на свеста на целокупната јавност за климатските промени и нивното влијание
2.јакнење на бизнис секторот на локално ниво преку прикажување на можностите за придобивка од развојот и производството на системите за обновливи извори на енергија
3. Едукација и развој на образовниот сектор преку вклучуванје на истиот во процесот на промоција на обновливите извори на енергија и нивното директно учество во намалувањето на емисијата на стакленички гасови
Информативен ден на граганите за Правата на Пристап
25-10-2009
Информативен ден на граганите за Правата на Пристап
Во изминатов период ТАИ Македонија спроведува Национална кампања за Правата на Пристап на граганите. Освен емитувањето на 4 месечен радио спот , на 18, 19 и 20 Октомври ние организиравме Информативни денови за Правата на пристап на граганите.
На 5 локации на Плоштадопт во Скопје, беа поставени инфромативни штандови и банери кои содржеа пораки и слогани за The Access Initiative Macedonia.
Целта на ова кампања е подигнување на свеста на граганите, локланата власт и владините институции за Имплементирање и Подобрувањето на Пристапот до информации за животна средина, Учество на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животна средина и Пристап до Правда доколку горенаведените Права се загрозени
Ваков настан е забележан за прва пат во Македонија. Граганите, бизнисменитите, администрацијата,медиумите, владини службеници па и по некој пратеник од Собранието, имаа можност да добијат информации за ТАИ глобалната мрежа и ТАИ активностите во Македонија, што значи пристап до информации и на кој начин можат да добијат, како граганите и како локланата самоуправа треба да допринесе за вклучување на јавноста во процесот на донесување на одлуки, што значи Пристап до Правда во областа на животната средина.
Освен што со овој настан се овозмози конултации за Правта на пристап , ние дистрибуиравме информативен материјал во неколку форми.
2000 флаери беа поделени на јавноста кои содржеа информации за правата на пристап на граганите; 1500 флаери исклуциво содрежа информации за Иницијативата за пристап, од кои организации е сочинета и кои се целите и придобивките од ТАИ мрежата во светот; 2800 картички беа поделени со кои граганите можат да ги испратат барање до инитуциите и до нашата организација , во врска со Правата за животна средина; 1100 налепници беа дистрибуирани со кои сшо граганите имаа можност да ги залепант на некое видно место, со цел подигање на свеста на јавноста.
За на крај, Благодарност до WRI и Американската амбасада во скопје, за нивната подршка.
Поставување на контејнери за цврст отпад во Општина...
03.04.2009
Во рамките на
програмата за управување со отпад, нашата организација во соработка со Општина
Ѓорче Петров, реализираше проект за поставување на контејнери за цврст отпад во
руралните области на Ѓорче Петров. Со овој проект беа поставени контејнери во
Волково, Ново Село, Стопански двор и Кучково.
Општината Ѓорче
Петров постави и оградени платформи, каде беа поставени контејнерите.
Програмата беше
финансиски поддржана од страна на Германската Амбасада во Скопје.
Спроведено целосно ТАИ истражување во Р.Македонија
15-01-2009
Во текот на 2008 година Флорозон спроведе ТАИ истразжување за пристап до информации, јавно учество и право на пристап до Правдаза животна средина. Во Ноември 2008 година беше подготвен Национален извештај кој ја отсликува реалната состојба во Р.Македонија за тритеправа за пристап за животна средина. Извештајот вклучува заклучоци и препораки, кои треба да се реализираат во иднина со цел подобрување на системот за животна средина.
Се повикуваат сите заинтересирани лица иорганизации, доколку сакаат да го добијат извештајот во печатена верзија на македонски и англиски јазик, да ја контактираат канцеларијата на НВО ФЛОРОЗОН.